zelenski bara oruzje od juzna koreja

12.01.2024 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој собираше воена и политичка поддршка во балтичките земји во средата и четвртокот, силно ја отфрли идејата за прекин на огнот со Русија, велејќи дека тоа само ќе ѝ користи на Москва ако и даде време да ги обнови своите вооружени сили.

Русија има „огромен“ недостиг во беспилотни летала, артилерија и ракети, а Кремљ би го искористил затишјето во борбите за да ги надополни резервите на тоа оружје, рече Зеленски во четвртокот за време на посетата на Естонија.

Зеленски додаде дека Москва во моментов е принудена да купува оружје од Иран и Северна Кореја за војната против Украина. Прекинот на огнот, исто така, ќе и даде шанса на Русија да ги прераспореди и прегрупира своите сили, потенцијално ставајќи ги украинските единици во неповолна положба во идните борби. Прекинот на непријателствата би можел да им овозможи на руските сили „да не совладаат и ние нема да го ризикуваме тоа“, рече Зеленски, сумирајќи ја својата позиција.

Зеленски ова го изјави по средбата со естонскиот претседател Алар Карис. Тој слета во главниот град Талин во четвртокот како дел од балтичката турнеја во три земји. Тој беше во Литванија во средата, а подоцна во четвртокот се упати кон Летонија додека се обидува да собере меѓународна поддршка за неговата земја, која речиси две години се одбранува од руската специјална воена операција.

Но, има се поголеми знаци на замор од конфликти во еден од главните поддржувачи на Киев, САД, како и во некои делови на Европа.

Поранешните советски републики Литванија, Естонија и Летонија се меѓу најцврстите поддржувачи на Украина, обезбедувајќи му на Киев доследна воена, финансиска и хуманитарна поддршка.

Трите земји-членки на ЕУ, исто така, се залагаат за построги санкции на ниво на ЕУ за Москва и повеќе испораки на оружје за Киев.

Во Талин, Зеленски ја продолжи својата кампања за брз влез на Украина во одбранбената алијанса на НАТО, велејќи дека тоа не само што ќе биде најдобрата безбедносна гаранција за Украина, туку и за балтичките земји и Полска, кои се граничат со Русија.

Зеленски ѝ се заблагодари на Естонија за „постојаната опиплива поддршка“ што ја даваат земјите-членки на ЕУ и НАТО.

Естонија, земја со 1,2 милиони жители, вети дека ќе и даде на Украина 0,25 отсто од нејзиниот годишен буџет за одбрана до 2027 година. Вкупната помош на Естонија од почетокот на конфликтот тогаш ќе изнесува 1,2 милијарди евра.

Од Естонија, Зеленски се упати кон соседна Латвија, каде претседателот Едгарс Ринкевичс вети натамошна воена помош.

По средбата со Зеленски, Ринкевичс најави дека следниот пакет помош ќе вклучува хаубици, артилериска муниција од 155 милиметри, системи за противтенковска и противвоздушна одбрана, ракетни фрлачи, теренски возила, рачни гранати, хеликоптери и друга опрема.

Латвија, исто така, сака да обучи 3.000 украински војници оваа година и да ја поддржи Украина со производство на беспилотни летала.

„Владата, нашата земја и нашиот народ ќе продолжат да и ја даваат на Украина сета потребна поддршка“, рече Ринкевичс.

Според него, Летонија обезбедила помош во вредност од 600 милиони евра, што е еднакво на еден процент од БДП на земјата.

Зеленски и се заблагодари на Летонија за нејзината „непоколеблива поддршка“ и ја обнови воената помош.

„Силата на нашите војници, силата на нашите вооружени сили во голема мера ќе зависи од овој вид помош во иднина“, рече тој.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author