08.01.2024 Скопје
Војната во Украина покажа дека Европа мора да развие заедничко производство на оружје за да се осигура дека континентот може да се „зачува“ во секоја глобална ситуација што може да се појави, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Двете години од оваа војна докажаа дека на Европа и треба сопствен арсенал и сопствени капацитети за да обезбеди одбрана и слобода“, истакна Зеленски на конференцијата во Шведска преку видео врска.
Претседателот на Украина додаде дека Русија може да биде поразена, а ситуацијата на фронтот во моментов е стабилна за украинските сили.
„Дури и Русија може да се врати назад во рамките на меѓународното право и да се победи нејзината агресија“, заклучи украинскиот лидер.
Подготвено од А.Ѓ.