drzaven-zavod-za-industriska-sopstvenost

10.01.2024 Скопје

Државниот завод за индустриска сопственост бара нов директор по заминувањето на досегашниот директор Блерим Идризи.

Владата распиша оглас со кој бара кандидати за директорското столче на Државниот завод за индустриска сопственост. Согласно објавата на нивната веб страна, кадидатите мора да се државјани на Република Северна Македонија, да немаат судска пресуда со која имаат забрана за вршење дејност, да имаат високо образование, но и минимум петгодишно искуство.

Заинтересираните, исто така, треба да имаат солидно познавање на меѓународен јазик, и потврда за тоа, преку меѓународно признати сефтификати како ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС, ИЛЕЦ. Меѓу другото, Владата бара од кандидатите да ги споделат и нивните размислувања, концепти и модели за управување со Институцијата, со фокус на активностите за следната година. Исто така, треба да ги знаат и наведат институциите со кои ќе имаат законска обврска за соработка, но и идни ризици со кои би можеле да се соочат во иднина во текот на нивното работење како директор на оваа институција.

Кандидатите треба да имаат доказ за сите претходно побарани услови за вработување и да ги достават до Владата. Оние кои ќе испратат некомплетни документи, нема да бидат воопшто земени во предвид, бидејќи некомплетна документација нема да се разгледува.

Висината на платата на идниот директор не се открива. Тука Владата пишува „Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија“. Но, со оглед на растот на функционерските плати, сигурно дека идниот шеф на заводот нема да биде незадоволен од неа.

Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 19 јануари.

Подготвено од М.Д.

About Author