zatvor

29.01.2024 Скопје

Бројот на затвореници во словенечките затвори на почетокот на оваа година надмина 1.700, што е најголема бројка од формирањето на Управата за извршување на кривични санкции во 1995 година, а просечната пополнетост на затворите во моментов се проценува на повеќе од 130 проценти.

Покрај наглото зголемување на бројот на затвореници, проблем е и недостигот на затворски кадар.

Според податоците на Управата за извршување на кривични санкции (Урсици), најголема пренатрупаност има во љубљанскиот затвор, каде зафатеноста е нешто повеќе од 204 отсто, потоа Марибор со 163 отсто, Целје со 145 отсто, а во најголемиот Словенечкиот затвор во Доб – 125 отсто.

Се наведува и дека посебен товар претставува категоријата затвореници осудени за шверц на луѓе, чиј број надминува повеќе од 50 отсто од приведените и околу 30 отсто од осудените.

Минатата година биле приведени 514 шверцери.

Со измена на Кривичниот законик во средината на јуни 2020 година, казните за криумчарење странци во Словенија беа зголемени од максимална затворска казна од пет години на затворска казна од три до 10 години.

Се додава и дека поради недостиг на затворски службеници нема постојано присутни чувари, туку се вршат само периодични контроли, а намалени се и ноќните смени во некои институции.

Според податоците на Урсикс, во словенечките затвори во средината на декември биле затворени 755 странци од 61 земја, од кои 728 биле мажи, а 27 жени, што тогаш претставувало нешто помалку од 45 отсто од затворениците.

Меѓу затворениците од странство во словенечките затвори, на прво место се државјаните на Романија, Србија, Босна и Херцеговина, Украина, Молдавија, Хрватска, Косово и Метохија, Грузија, Северна Македонија и Турција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author