kiev sneg

18.01.2024 Скопје

Во канадскиот град Ванкувер училиштата се затворени, а летовите се одложени поради обилниот снег и ледените ветрови.

Во делови од градот вечерва и рано наутро се очекуваат вистински врнежи од снег.

Меѓународниот аеродром во Ванкувер соопшти дека временските услови влијаеле на распоредот на летовите.

„Додека нашите тимови активно го расчистуваат снегот и мразот од пистите и пристапните патишта, бројот на летови е намален и при пристигнување и полетување поради зимските услови“, се вели во соопштението на аеродромот.

Досега се откажани околу 50 летови.

Федералната метеоролошка агенција предупреди и на опасни услови во долината Фрејзер, на околу 130 километри источно од Ванкувер, поради снежното невреме.

Западна Канада полека излегува од арктичкиот бран, а додека температурата се искачи од минус девет измерени во недела, 14 јануари, метеоролозите предвидуваат од 10 до 15 сантиметри снег и нови налети на замрзнат ветер.

Вечерва се очекува температурата да биде околу минус седум степени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author