ukraina izvoz na zito dunav

05.01.2024 Скопје

Бродот што пловел од Австрија кон Смедерево синоќа удрил во столб од мостот кај Бачка Паланка, а шлепот што го превезувал потонал, потврдија од Полициската управа (ПУ) Нови Сад.

Како што рекоа оттаму, полицијата е на лице место и во моментов се води истрага за да се утврди како се случил инцидентот.

Тие додаваат дека бродот што го превезувал шлепот е закотвен и она што со сигурност се знае е дека ниту еден од шесте членови на екипажот на тој брод не е повреден.

Полицијата соопшти дека збирното место на граничниот премин Илок од вчеравечер е затворено поради потенцијална опасност за возилата, откако товарниот брод удрил во столбот на мостот Илок-Бачка Паланка.

„Апелираме до граѓаните кои имаат намера да ја преминат државната граница да користат алтернативни гранични премини“, велат од полицијата. Оттаму додаваат дека за ова се информирани надлежните служби на Хрватска.

„Поради потенцијална опасност за безбедното движење на возилата, предизвикана од судир на товарен брод со столб на мостот Илок-Бачка Паланка утринава околу 1:55 часот, во прекин е сообраќајот на граничниот премин Илок. Бродот е во надлежност на властите на Република Србија, кои го истражуваат навигацискиот инцидент“, соопштија од Полициската управа на Вуковар-Срем.

Полицијата апелира и граѓаните кои имаат намера да ја преминат државната граница да користат алтернативни гранични премини.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author