17.01.2024 Скопје
Главниот аеродром во Осло е затворен поради обилните снежни врнежи во областа на норвешката престолнина, соопшти авиокомпанијата „Авинор“, која управува со аеродромот.
Во соопштението се наведува дека аеродромот ќе остане затворен најмалку до 14 часот и 30 минути, но исклучувањето може да трае подолго.
„Ова е исклучително ретко. Има толку многу снег што пилотите не можат да ги видат светлата на земјата и затоа ги прекинавме сите влезни и појдовни летови“, изјави неименуван портпарол на „Авинор“.
Подготвено од А.Ѓ.