12.01.2024 Скопје

Во период на интензивна климатска криза, неверојатно високите температури на океаните измерени во 2023 година придонесоа за „чудно време“ ширум светот, откриваат новите научни податоци.

Океаните апсорбираат 90 отсто од топлината ослободена од емисиите на јаглерод од согорувањето на фосилните горива, поради што океаните се најочигледен показател за глобалното затоплување.

Во светските океани во 2023 година се измерени рекордно високи температури, а податоците покажаа дека во последната деценија океаните секоја година биле потопли од претходната година, тврдат научниците.

Зголемените температури, исто така, доведоа до рекордни нивоа на раслојување на температурата на водата во океаните, бидејќи топлата вода на површината сè помалку се меша со поладна вода на поголеми длабочини.

Овој феномен го намалува количеството на кислород во океаните и го загрозува животот во морето, а исто така ја намалува количината на јаглерод диоксид и нивото на топлина што океаните и морињата можат да ја апсорбираат во иднина.

Веродостојните мерења на температурите на океаните започнаа во 1940-тите, но веројатно е дека океаните сега се најтопли во последните 1.000 години и се загреваат побрзо од било кое време во последните 2.000 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *