vevcani karneval

12.01.2024 Скопје

„Вевчанскиот карневал е нематеријално културно наследство на Република Северна Македонија и како таков мораме да го држиме. Мене ми е драго што Министерството за култура оваа година е достоен поддржувач на Вевчанскиот карневал. Како што и сами знаете, ние со градоначалникот Кочовски склучивме договор за финансирање на Вевчанскиот карневал во вредност од 1,8 милиони денари, тоа е 70 отсто од сумата што Министерството за култура ја префрли на сметката на Општината пред почетокот на Карневалот“, рече Костадиновска Стојчевска.

„Само вака можеме да покажеме дека заедно се грижиме за културното наследство, дека продолжуваме да ги негуваме обичаите кои што ги претставува Вевчанскиот карневал, затоа што со поддршка на Карневалот кој претставува културна туристичка атракција од овој регион го поддржуваме иновативниот дух на Вевчани. Морам да кажам дека едвај го чекам и почетокот на самиот Карневал и во исчекување на тоа ново издание на репертоарот од маски, на зетот и невестата, музичарите, ѓаволите, на глупиот Август како и на новите сатирични коментари кои се здрав коректив на општеството“, посочи министерката.

Промоторот на фестивалот Игор Џамбазов на прес-конференцијата посочи дека на Вевчанскиот карневал присуствуваат најкреативните луѓе во земјава кои  знаат да направат шега и смеа од се.

„Ако влезете на Википедија ќе видите дека според некои записи, фестивалот е стар речиси 15 векови, 1460 години, а според некои артефакти пронајдени од Горна Белица, се претпоставува дека постои повеќе од 2000 години. Првиот Вевчански карневал се одржал 900 години пред Колумбо да ја открие Америка“, рече Џамбазов.

Имаме гости од цела Европа, новинари се присутни секоја година. Има докази дека карневалот се одржувал онолку колку што е старо и Вевчани. Карневалите тогаш се одржувале, бидејќи луѓето на тој начин одговарале на природните непогоди што ги наоѓале, суша, глад, болести. Со текот на времето се формирала администрација, се формирала држава и сега Вевчани е место каде што сите функционери и политичари, оние што цела година правеле негативни работи, истите можат да се видат на карневалот, без навреда. Вевчанскиот карневал нуди хумор и сатира.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Подготвено од М.Д.

About Author