vevcanski-karneval-1

10.01.2024 Скопје

На Вевчанскиот карневал, кој ќе започне вечерта на 12 јануари со музичка програма, а ќе биде затворен на 14 јануари со традиционалното палење на маските, промотер ќе биде актерот Игор Џамбазов.

Вечерта на 12 јануари ќе настапат диџеј Ампов, Јанг Деди, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, како и групата Нокаут. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе настапат Акустик бенд, Наум Петрески и Оркестарот на тапани и зурли од Вевчани и на крајот Перо Волк и Коки Биоритам. Карневалот завршува на 14 јануари со василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Градоначалникот Кочовски и промоторот Џамбазаов говореа за значењето на манифестацијата како за Општината, така и за државата бидејќи Карневалот е познат и надвор од Република Северна Македонија, а секоја година странци доаѓаат за да се восхитуваат на овој многу специфичен карневал, како според маските и обичаите, така и според хуморот и сатирата.

Прес-конференција одржаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски и промоторот на манифестацијата, Игор Џамбазов.

Костадиновска-Стојчевска рече дека Министерството за култура го препознава значењето на Карневалот како нематеријално културно богатство и потсети дека пред неколку денови со градоначалникот на Општина Вевчани, Кочовски, е склучен договор за финансирање на Вевчанскиот карневал во вредност од 1,8 милиони денари.

Подготвено од М.Д.

About Author