11.01.2024 Скопје
Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, изјави дека постапката за законските измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување не е поведена од причина што Судот смета дека двата закона се во соглсност со Уставот, што значи дека не се прифатени наводите на 15 подносители на иницијативи кои за овој предмет беа поднесени до Уставниот суд.
„Според Судот неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите со тоа што законодавецот, односно Собранието, предвидело да се ограничи висината на казнената камата кога ќе го достигне износот на главнината. Судот смета дека оспорениот член 4 од Законот за облигациони односи нема повратно дејство, односно не станува збор за ретроактивност бидејќи се однесува на постапки кои се уште траат, односно не се завршени, а не и на оние постапки кои пред влегување во сила на овој закон завршиле. Меѓу другото, Судот оцени дека не е повреден принципот на поделбата на власта како што се тврди во иницијативите“, рече Беловска.
Таа појасни дека според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека должникот е доведен во попривилегирана положба во однос на доверителот, бидејќи токму членот 1 не дефинира за кого се однесува, туку напротив, јасно и прецизно укажува дека се однесува на сите субјекти на пазарот подеднакво.

Подготвено од М.Д.