02.01.2024 Скопје
Кинеската транспортна мрежа на патници за време на новогодишните празници најверојатно ќе надмине 128 милиони патувања, што е за 78,4 отсто повеќе од минатата година, покажуваат податоците на Министерството за транспорт.
За време на тридневниот одмор, кинеската железничка мрежа се очекува да реализира 44,2 милиони патници, што е за 177,5 отсто зголемување во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Министерството.
Според Министерството, од сабота, 30 декември до вчера, превозот на патници со авион најверојатно ќе достигне 5,19 милиони, што е за 140,3 отсто зголемување во однос на претходната година, јавува Кинеското интернационално радио.
Податоците за патувањата по автопат и по воден пат се очекува да се зголемат за 46,1 отсто и 72,9 отсто, соодветно.
Подготвено од А.Ѓ.