vuchikj i plenkovikj

18.01.2024 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Давос разговараше со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, за односите меѓу двете земји.

„Краток разговор со Андреј Пленковиќ за односите меѓу Србија и Хрватска, кои верувам дека можат и мора да бидат подобри во иднина“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот.

Претседателот Вучиќ втор ден престојува во Давос каде што учествува на Светскиот економски форум.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author