29.01.2024 Скопје
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денес ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, соопштија од Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.
Средбата ќе се одржи во 12:30 часот, во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката, се наведува во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.