https://www.facebook.com/photo.php?fbid=676280610535376&set=pb.100044603281797.-2207520000.&type=3

16.01.2024 Скопје

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска оцени дека ситуацијата во регионот е предизвик за Србија, а во однос на Косово и Метохија е многу тешко – и политички и безбедносно.

„Ова бара сите ние кои сме ангажирани и почестени да бидеме дел од одбранбениот систем на нашата татковина, да бидеме особено внимателни или особено посветени на работите што ги работиме“, рече Вучевиќ.

Обраќајќи се пред 13-от клас на учесниците на Високите студии за безбедност и одбрана во Белград, тој рече дека заедно формираат мозаик што претставува единствена слика за безбедноста и одбраната на земјата.

„Верувам дека ќе бидете достојни за овој личен и професионален предизвик, како и за честа што ја имате да бидете овде“, изјави Вучевиќ, објавено на веб-страницата на Министерството за одбрана на Србија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author