17.01.2024 Скопје
Воздухот утрово е нездрав за чувствителните категории на население во Какањ, Сараево, Високо, Зеница, Тузла и Травник, а на граѓаните им се препорачува да избегнуваат престој надвор.
Мерењето во 08:00 часот покажа дека индексот на квалитетот на воздухот во Какањ е 178, Сараево 168, Високо 167, Зеница 159, Тузла 158, Травник 157.
Во Јајце и Бихаќ воздухот е умерено загаден, а индексот на квалитет е 100 и 89, објавено е на веб-страницата „Зрак.екоакција“.
Кај лицата со болести на срцето и дишните органи, како што е астмата, можна е појава на зголемени симптоми и интензитет на болеста.
Вредноста на индексот на квалитетот на воздухот од нула до 50 е добра, од 51 до 100 умерено загаден, од 101 до 150 нездрав за чувствителните групи на население, од 151 до 200 нездрав, од 201 до 300 многу нездрав и повеќе од 300 е опасен по здравјето.
Подготвено од А.Ѓ.