22.01.2024 Скопје

Британската железничка мрежа од денеска е во прекин, летовите се откажани, а илјадници домови останаа без струја откако бурата Иша ја зафати земјата во текот на ноќта.

Шкотска беше најтешко погодена со удари на ветер од околу 150 километри на час, што предизвика откажување на сите железнички линии.

Откажани се десетици летови од аеродромите во Единбург и Глазгов, како и возовите во делови од јужна Англија, вклучително и услугите меѓу Лондон и аеродромот Гетвик.

Британската компанија за електрична енергија соопшти дека струјата била вратена во повеќето домови кои претходно биле без струја во источна и јужна Англија, но околу 45.000 домови во Северна Ирска сè уште се без струја.

Во неделата авиокомпаниите откажаа 102 лета од и до Даблин, а во Белфаст едно лице беше погодено од дел од урната зграда откако поради ветерот се поместија градежното скеле, но брзата помош брзо интервенираше и му помогна на повредениот на лице место.

Метеоролошката канцеларија издаде предупредувања за опасни по живот бури за крајбрежните области, две жолти временски предупредувања за ветер и црвено предупредување за времето за делови од северна Шкотска.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *