15.01.2024 Скопје
Раководителката на одделението за имунизација на Градскиот институт за јавно здравје, Ивана Беговиќ Лазаревиќ, изјави дека во Србија во моментов има 565 пријавени случаи на голема кашлица, потенцирајќи дека има уште најмалку 100 пациенти кои не посетиле лекар.
Беговиќ Лазаревиќ потсети дека Градскиот завод за јавно здравје ја пријавил епидемијата на 19 декември 2023 година, кога биле регистрирани 312 случаи на голема кашлица.
Епидемија се прогласува кога се работи за болести од поголемо епидемиолошко значење и истата ја прогласува Министерот за здравство на предлог на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Бројот на новозаболени на неделно ниво не се намалува и се работи за случаи кои се лекувале епидемиолошки, а има уште најмалку 100 болни лица кои не се јавиле на лекар.
Беговиќ Лазаревиќ смета дека поради тоа не може да се каже дека се гледа крајот на епидемијата.
Подготвено од А.Ѓ.