02.01.2024 Скопје
Воздухот утрово е нездрав за чувствителните категории на население во Зеница, Тузла, Сараево и Високо, а останатите граѓани се апелираат да избегнуваат престој надвор, објавено е на веб-страницата „Зрак.екоакција“.
Мерењето во 08:00 часот покажа дека индексот на квалитетот на воздухот во Зеница е 150, Тузла 145, Сараево 103 и Високо 101.
Во Какањ, Травник и Бихаќ, воздухот е умерено загаден, а индексот на квалитет е 94, 70 и 66.
Вредноста на индексот на квалитетот на воздухот од нула до 50 е добра, од 51 до 100 умерено загаден, од 101 до 150 нездрав за чувствителните групи на население, од 151 до 200 нездрав, од 201 до 300 многу нездрав и повеќе од 300 е опасен по здравјето.
Подготвено од А.Ѓ.