Infektivna klinika soba

17.01.2024 Скопје

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кажа дека во Република Северна Македонија за 3 недели од грип починале три лица и тоа сите биле невакцинирани, притоа нагласи дека тоа е мала бројка и дека нема место за паника,и дека тоа биле лица над 65 години но има и на возраст од 25 до 65 години.

Директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Милена Стевановиќ, кажа дека последниот смртен случај од грип е жена на возраст од околу 45 години со сериозни ризик од тешко заболување, со бројни коморбидитети, која починала на таа клиника.

Директорката додеаде дека седум лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, кај пет лица е потврдено грип а кај другите се чекаат резултатите.

Таа додаде дека бројките растат и за кратко време ќе го достигнат својот врв и затоа сите треба да бидат внимателни.

„Грипот може да биде сериозна болест и треба да се сфати сериозно. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против грипот и тоа треба да се има на ум“, рече Стевановиќ.

Комисијата за заразни болести на Северна Македонија препорача да се носат маски во здравствените установи и домовите за заштита на старите лица.

Подготвено од М.Д.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

About Author