31.01.2024 Скопје
Првата италијанска фабрика за брашно од инсекти е отворена во регионот Марке во централна Италија, и покрај противењето на министерот за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида.
Хозе Франческо Кани, извршен директор на компанијата Нутринсект, изјави дека „се отвори ново поглавје во историјата на прехранбената индустрија“.
Тој го покани и Лолобриџида, кој се залага за забрана на брашно од инсекти во Италија, „да дојде и сам да се увери колку е тоа здраво и хранливо“.
Во Службен весник од 29 декември беше објавено правило со кое се дозволува брашно направено од штурци, ларви од Tenebrio molitor (mealworm) и ларви од Alphitobius diaperinus (мал штурец) во Италија.
Подготвено од А.Ѓ.