KUVARI

15.01.2024 Скопје

Во 2023 година, Хрватска издала 172 илјади работни дозволи на странци за трајно вработување, што претставува рекорд во оваа држава.

Хрватскиот завод за вработување објави дека најмногу странци имало вработени како градежници, келнери и куварски помошници.

Според податоците на хрватското МВР, најголем број работници во Хрватска има од Непал. Веднаш зад нив се Индијците, а освен од Република Северна Македонија, голем е бројот на работниците и од Филипини, Бангладеш, Косово, Турција и Албанија.

Според податоците на хрватското МВР македонските граѓани се трети по број на листата на странски работници во Хрватска – лани во оваа земја работеле 13.412 Македонци. Македонските граѓани најчесто работата сезонски работи за време на туристичката сезона, па така најмногу ги има во угостителството, хотелиерството, малопродажбата.

Месечната заработuвачка на сезонските работници во Хрватска е 1.300 евра, со платено сместување и храна.

Подготвено од М.Д.

 

 

About Author