mozokkk

30.01.2024 Скопје

„Првиот имплант е инсталиран во човечкиот мозок“, објави синоќа на својот X (Twitter) профил Илон Маск, кој е сопственик на компанијата „Neuralink“, позната по развојот на невро-технолошки уреди.

Првиот човек вчера доби имплант од Neuralink и добро закрепнува, напиша Маск.

Како што понатаму изјави Маск, „првите резултати покажуваат ветувачко откритие“.

Неуралинк минатата година доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови за своето прво тестирање на луѓе за тестирање на имплантот на компанијата – критична пресвртница за медицината.

Компанијата е проценета на дури 5 милијарди долари, врз основа на приватното тргување со акции.

Неуралинк во септември објави дека тестот ќе ја процени безбедноста на неговиот имплант за да им овозможи на луѓето со парализа да ги контролираат надворешните уреди со своите мисли. За време на студијата, робот развиен од компанијата хируршки ќе постави „ултра-фини“ нишки за имплант кои помагаат да се пренесуваат сигнали во мозокот на учесниците, велат од компанијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author