upraven_sud_1

30.01.2024 Скопје

Програмскиот колегум на Младинскиот културен центар (МКЦ) ја доби и втората тужба во негова корист од Управниот суд, упатена против решението на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за назначувањето на Никола Алексов за в.д. директор на установата, во мај, минатата година. Пресудата доаѓа во денови кога трае примопредавањето на директорската функција од в.д. директорот Алексов, на новоназначениот директор Бени Шаќири.

Управниот суд досудил против одлуката на Арсовска, да постави на функцијата, в.д. директор на МКЦ некој кој не е од редот на вработените, зашто пред да ја добие таа функција Алексов беше ангажиран во МКЦ преку Агенцијата за привремени вработувања. Тоа е спротивно на Законот за вработени во јавниот сектор, велат од Управен.

Одлуката на Управниот суд е правосилна и против неа Арсовска нема право на жалба. А, од Програмскиот колегиум велат дека имаат право да ги поништат сите одлуките, донесени од Алексов.

Програмскиот колегиум на МКЦ, лани во февруари за првпат ја тужеше Арсовска пред Уставен за назначувањето на Алексов за в.д. директор во јануари. И ја доби тужбата. И покрај тоа, градоначалничката на Алексов му додели и втор и трет мандат за в.д. директор. Третиот мандат во декември беше прекинат со конкурсот за директор на МКЦ, на кој беше избран Бени Шаќири и поставен на функцијата од 10 јануари. Практично, МКЦ имаше двајца раководители зашто Алексов го доби решението за престанок на мандатот од 24 јануари.

Против назначувањето на Никола Алексов за в.д. директор, дел од вработените во МКЦ и граѓаните пред една година одржаа протести. Алексов дојде на местото на Ванчо Богоев, кој беше разрешен зашто не прифати да го вработи во МКЦ ,Бени Шаќири.

Подготвено од М.Д.

About Author