22.01.2024 Скопје
Студенти на Медицинскиот факултет денеска ќе доделат оксиметри и аспиратори за Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.
Изминатиот период, студентите од Медицинскиот факултет при Македонската медицинска студентска асоцијација, по четиринаесетти пат го организираа хуманитарниот проектот „СОС – Дедо Мраз“ во Скопје.
Благодарение на хуманоста на граѓаните, собрани беа артикли од маркетите „Веро“, се направија новогодишни пакетчиња и се подарија на децата на коишто им беа најпотребни, домовите без родители во Скопје, болните дечиња и едукативните центри со деца од ранлива категорија.
Дел од средствата што ни останаа, ги пренаменивме за пулс оксиметри и аспиратори за Детската клиника, се појаснува во нивното соопштение.
Пулс оксиметри и аспиратори, како што е најавено, ќе се доделуваат во присуство на директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска – Чолаковска, професор доктор Соња Бојаџиева, професор доктор Констандина Кузевска – Манева и друг персонал од клиниката.
Во соопштението се изразува надеж оти овој настан, уште долги години ќе функционира како и досега.
Подготвено од М.Д.