https://www.flickr.com/photos/107419833@N07/15630227516/in/photolist-2mLBU6w-pPc16j-2i1L1YP-2j96C7B-2j3dkKZ-C7L8oE-2kVwZu1-2neBaDH-2n2mKKp-QwEDWD-2iWJkZZ-nPxtbe-22odYd5-KByECr-2hHdpgq-2mw5Hhe-2kd4of8-F1J7Gd-yRZo4K-2kMSCo7-9j3Dke-2ksYy4S-2nkfyWk-oFoCVp-2mXTeGU-2m3AZFv-JPLk3C-2hvb7Zc-2kuSzmc-2iF2qC9-2ktq7FX-o6BLmv-2jhZMVb-X1qgfb-2mWsjRq-2kRPkW7-PpsWrJ-Vw7Dbh-jffssX-2jESR9r-EeHy16-2jfrKoK-2nLeWCn-2iDvuub-2jhYwgw-2jtUyH2-DWS2Us-oNBrXt-WKEcqo-Ujbxyv

03.01.2024 Скопје

Службеник на хрватското Министерство за надворешни работи е уапсен бидејќи со двајца Индијци криеле девет мигранти во семејна куќа во областа Медвешчак во Загреб.

Четворица мигранти од Бангладеш и пет од Пакистан се обиделе да и побегнат на полицијата, но брзо биле фатени, а сите потоа побарале азил.

Неколку дена по добиената пријава дека во куќата има илегални мигранти, полицијата го обезбедила целиот простор. На крајот, сите, освен еден индиски државјанин, кој е во бегство, беа приведени.

64-годишниот вработен во Министерството бил сослушан во Општинското државно обвинителство и пуштен да се брани од слобода.

„Хрватскиот државјанин ја изнајмил својата куќа на второосомничениот. Тој ја опремил куќата со душеци и им донел храна на луѓето што биле таму. Станува збор за договор меѓу тројца мажи со цел личен интерес. Тие го овозможиле влезот, движењето и престојот на странски државјани на територијата на Хрватска“, изјави Марија Гоати, портпарол на полициската управа во Загреб.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author