16.01.2024 Скопје
Во Приморско-горскиот Котар и Карловац, тројца полицајци и една жена вработени во локалната самоуправа од Горски Котар се уапсени поради основано сомнение дека сториле кривични дела против службената должност.
Акцијата во овие хрватски жупанија од утрово ја спроведува Полициската управа на Приморје-Горски Котар во координација со Канцеларијата за сузбивање на организиран криминал.
По сослушувањето на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста, соопшти УСКОК.
„Поради сомнение дека се сторени кривични дела против службената должност, утринава се уапсени четворица хрватски државјани, од кои тројца полицајци и вработени во една од локалната управа и единиците на самоуправа на месноста Горски Котар. Со завршување на истрагата, уапсените лица ќе бидат предадени на надзорникот на притворот, а кривичната пријава е поднесена до УСКОК“, соопштија од полицијата.
Подготвено од А.Ѓ.