https://api.ndla.no/image-api/raw/1024px-flag_of_nato.svg_.png?

05.01.2024 Скопје

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте лидер во трката за нов генерален секретар на НАТО, додека Јенс Столтенберг ја завршува својата ера во ова високо воено раководство.

Јенс Столтенберг како генерален секретар на НАТО во изминатата деценија се приближува кон завршување на својот мандат. Иако четирипати беше барано од него да ја продолжи својата улога, Столтенберг наскоро ќе ја напушти својата моментална функција.

Неговиот следбеник, се уште неофицијално избран, Марк Руте влегува во фокусот на вниманието во оваа секција на високите меѓународни постови. Наскоро ќе видиме какви предизвици и можности иднината носи за новиот лидер на НАТО.

Се очекува Столтенберг уздите да му ги предаде на наследникот за време на јубилејниот самит во Вашингтон во јули, додека пак официјално мандатот на Столтенберг завршува на 1 октомври 2024 година.

Според портпаролката на Јенс Столтенберг, Оана Лунгеску, изборот на наследник ќе се одвива предвремено, избегнувајќи пречки и компликации.

Оана Лунгеску, портпаролка со најдолг стаж во НАТО, нагласи дека е од суштинско значење изборот да се спроведе што е можно поскоро, посочувајќи дека временскиот фронт е важен, избегнувајќи го контекстот на изборите во Европската унија и претседателските избори во САД. Таа предупреди и на можни негативни последици, велејќи дека генералниот секретар не треба да стане „остаток“ од ноќни преговори за ЕУ или да биде вмешан во хаосот на изборите во САД.

Сепак, достигнувањето на оваа врвна работна позиција нема да биде лесно, бидејќи не постои формален опис на работните задачи, ниту листа на потребни способности и знаења, а понудата за „аплицирање“ не постои. Оние кои се стремат да станат нов генерален секретар на Алијансата нема да бидат поканети на интервју, ниту треба да испратат израз на премногу заинтересираност за функцијата.

Вашингтон широко се смета за одлучувачкиот фактор, но било која влада од 31-те земји-членки може да ја промени динамиката.

„Станува збор за дипломатија зад затворени врати преку Атлантикот“, изјави Јан Лесер, потпретседател на Германскиот Маршалов фонд во Брисел.

„Сè, од канцелариски материјал до нуклеарна стратегија, се прави со консензус, и ова е дел од тој процес“, посочи Лесер.

Според тоа, новиот генерален секретар на НАТО мора да биде поголем дел од стратегијата против Русија, без изразено предизвикување на страв од ескалација, и истовремено да ја брани егзистенцијата на Алијансата.

Во изминатите години, во разговорите за нов шеф на НАТО, беа споменати и одредени „пријатни“ аспекти, како што е потеклото од земја што изразително инвестира во одбраната, со цел за промена од еден од јужните или источните сојузници по речиси 15 години нордиско лидерство. Можеби би било време и жена да зафати висок ранг во Алијансата?

Многу имиња се појавуваа … и потонаа. Поранешните најнадежни ликови, како данската премиерка Мете Фредериксен и поранешниот британски министер за одбрана Бен Волис дури и лично разговарале со американскиот претседател Џо Бајден околу нивните шанси, но потоа без натамошни објаснувања самите се повлекоа од трката.

Актуелно, премиерката на Естонија, Каја Калас, министерот за надворешни работи на Латвија, Крисјанис Каринс и премиерот на Холандија во заминување, Марк Руте, отворено покажуваат амбиции за функцијата. Руте постепено се профилираше како фаворит меѓу нив. Руте, кој по Виктор Орбан, е премиер со најдолг стаж во рамките на Алијансата, се смета за „посигурен“ избор отколку балтички политичар, со оглед на тоа дека агендата на сојузот ја доминира војната на Москва во Украина.

Директната Калас е популарна, но и поларизира, а Каринс иако исто така е и поранешен премиер, нема цврста подлога.

„Се смета дека шеф на НАТО од балтичките земји би бил контрапродуктивен, а не од помош“, забележува Кристи Раик, заменик-директор на Меѓународниот центар за одбрана и безбедност во Талин. Но, таа не го дели тој став.

Значајно е што и покрај тоа, Руте е единствениот кандидат за кого разговарале амбасадорите на НАТО, открива Лунгеску, во неформален процес кој се одвива паралелно со консултациите на лидерите и се нарекува „деканско кафе“. Тоа се случува кога најстариот меѓу националните претставници, во случајов хрватскиот амбасадор Марио Нобило, ќе ги покани останатите 30 амбасадори да разговараат за теми од значење.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author