29.01.2024 Скопје
Иран објави дека за прв пат испратил три сателити во орбитата истовремено.
„За прв пат, три ирански сателити беа успешно испратени во вселената со фрлачот Симорг дизајниран од Министерството за одбрана“, објави државната телевизија.
Сателитите Махда од 32 килограми и сателитите Кеихан 2 и Хатеф тешки помалку од 10 килограми, беа поставени во орбитата на 450 километри над површината на Земјата.
Според извештајот, сателитите се наменети за истражувачки и телекомуникациски мисии, како и за „тестирање на сателитски потсистеми“.
Тоа е нов чекор на полето на воздухопловните и вселенските активности на Иран и покрај санкциите на Западот.
Подготвено од А.Ѓ.