https://www.facebook.com/PresidentDonaldJTrump2017/photos/3414279438794150

10.01.2024 Скопје

Поранешниот американски претседател и кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, изјави дека 2024 година ќе биде запаметена како година на „големо нелегално мешање во изборите“ во САД.

„Оваа година ќе биде запаметена како година на координирано незаконско мешање на изборите од страна на корумпираниот Џо Бајден, најлошиот и најкорумпираниот претседател во историјата на Соединетите држави, и Министерството за правда, ФБИ, државните и окружните обвинители низ целата земја. “, рече Трамп во видео обраќањето.

Тој додаде дека и покрај тоа ќе победи на претседателските избори закажани за ноември годинава.

„Меѓутоа, и покрај се, на крајот, големата победа ќе ја постигнат храбрите патриоти кои сакаат повторно да ја направат Америка голема. Ќе победиме и ќе победиме како никогаш досега“, рече Трамп.

Претходно денеска, поранешниот американски претседател се појави за прв пат по неколку месеци во апелациониот суд во Вашингтон, каде што неговите адвокати тврдеа дека Трамп не може да биде кривично гонет за наводен обид да ги поништи изборите во 2020 година, бидејќи, како што велат, тој е заштитен со претседателски имунитет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author