rusija proizvodstvo na bespilotni letala

08.01.2024 Скопје

Јапонија ќе издвои 37 милиони долари за фондот на НАТО наменет за испорака на системи за откривање дронови во Украина, изјави јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава на заедничката прес-конференција со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеб во Киев.

Камикава ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал и дека ќе ја потврди поддршката за Киев.

Во претходното соопштение на јапонското Министерство за надворешни работи, беше наведено дека Камикава треба да разговара и за претстојната конференција за обнова на Украина и дека ќе ја потврди поддршката на Токио за Киев.

Јапонско-украинската конференција за унапредување на економската обнова на Украина треба да се одржи на 19 февруари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author