15.01.2024 Скопје
Група составена од TikTok, Snapchat, Meta и други технолошки компании го тужеше Охајо минатата недела поради тековниот закон со кој се бара од децата да добијат согласност од родителите за користење на апликацијата за социјално вмрежување.
Законот со кој се бара од децата да добијат согласност од родителите да користат апликации за социјално вмрежување е дел од законот за државниот буџет кој беше потпишан во јули. Тој треба да стапи во сила на 15 јануари годинава. Администрацијата на Охајо ја поттикна мерката како начин за заштита на менталното здравје на децата. Владата излезе со став дека социјалните мрежи се „намерно зависни“ и штетни за децата.
Група технолошки компании поднесоа тужба против јавниот обвинител Дејв Јост и самиот закон. Во тужбата се тврди дека законот на Охајо, кој бара децата под 16 години да добијат родителска согласност за користење на социјалните мрежи и игри, го спречува слободата на говорот и е премногу широк и нејасен.
Овој закон бара од компаниите за социјалните медиуми да им ги посочат сите карактеристики на приватност на родителите, така што родителите ќе бидат известени за содржината што е цензурирана или изменета на профилите на нивните деца.
Ова не е прв закон кој бараше поголема внимателност од социјалните мрежи, ниту пак прва тужба против слични закони. Групата извојува легални победи против многу слични ограничувања во Калифорнија и други држави.
Во Охајо, тужбата предизвика голема бура и од судството и од различни организации. Речиси мнозинството сметаат дека ваквите тужби се скандалозни, но очекувани. Јавноста го дели ставот дека компаниите знаат дека нивните алгоритми им штетат на децата и имаат катастрофални здравствени и ментални исходи.
Подготвено од А.Ѓ.