24.01.2024 Скопје
Компанијата TикTок денеска објави дека укинува 60 работни места во секторот за рекламирање и продажба. „ТикТок“ не ја наведе причината за отпуштањето на десетици вработени, но додаде дека отпуштените работници можат да аплицираат за други позиции.
Агенцијата наведува дека TикTок моментално има повеќе од 120 огласи за работа за различни позиции.
Отпуштањата во TикTок следуваат по слични случувања во големите технолошки компании, вклучувајќи ги Discord и Twitch во сопственост на Amazon.
Twitch објави претходно овој месец дека укинува повеќе од 500 работни места во обид да ги намали трошоците, додека Discord отпушти 17 отсто од својата работна сила, или 170 луѓе.
Од почетокот на оваа година, повеќе од 10.000 луѓе се отпуштени во технолошката индустрија.
Подготвено од А.Ѓ.