26.01.2024 Скопје
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува дебата заедно со кандидатите на опозицијата за технички министри и заменици.
На дебатата насловена Важно е да имаме фер избори се очекува да бидат презентирани презентирани активностите на опозицијата во техничката влада.
Покрај лидерот Мицкоски, најаваено е обраќање и на ПанчеТошковски, кандидат за технички министер за внатрешни работи, Ѓоко Велковски, кандидат за технички министер за труд и социјална политика, Елена Петрова, кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Цветан Трипуновски, кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделие и Стефан Андоновски, кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.
Подготвено од М.Д.