оsamenost

22.01.2024 Скопје

Осаменоста станува светски здравствен проблем, а според експертите, неопходно е да се работи колку што е можно за луѓето, особено децата, да се дружат, да станат активни и да зборуваат за своите проблеми.

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна ја прогласи осаменоста за глобална здравствена закана, а експертите предупредуваат дека нејзиното влијание врз смртноста е еквивалентно на пушење 15 пури дневно.

Овој проблем е видлив и кај нас, а голема е потребата од програми за здраво воспитување на луѓето, со посебен акцент на менталното здравје, кое е нарушено од повеќе фактори на ризик.

Еден од нив е недостатокот на дружељубивост, комуникација, интеракција, соработка и трансакција на вредности. Кај луѓето сè повидливо е дека луѓето се повлекуваат во себе, се втурнуваат во осаменост, во игри, во заканувачки содржини на Интернет, така што тие почесто се предодредени да бидат под такви влијанија на отуѓување, што дополнително ги доведува до вознемиреност, страв, незадоволство и до неизразување на нивната емоционална состојба.

Според него, оваа асоцијалност го осиромашува целокупниот општествен живот и сите нивоа на комуникација.

Тогаш сè се сведува на недостаток на активност, односно недостаток на чувство за перформанси, продуктивност, напредок, радост итн. Осаменоста дополнително води кон пасивност, а токму тоа зборува за потребата од програми за здраво растење за сите возрасти. Покрај редовните училишни програми треба да се вклучат и дополнителни програми кои ќе се реализираат во рамки на работилници како развивање дружељубивост, ориентација кон другите… Покрај наставниот кадар треба да учествуваат и стручни тимови, со дефектолози, доктори, бидејќи крајно време е да се грижиме за здравјето на децата, но овие работилници не треба да се воведуваат како предмет, туку да се активираат дружење, одмор и културни активности и слично.

На пример, училиштата и игралиштата се празни во сабота, а и нема повеќе активности пред станбените згради, бидејќи децата се имаат повлечено во затворени простории.

Од досегашната практика може да се каже дека осамените луѓе се окупирани со лоши мисли, бесмисленост на животот, нервози, тагување, преиспитување на смислата на животот и треба да се упатат на своето занимање, на било каква активност, дружење, разговори, читање, вработување.

Окупацијата е основата на сите исцелувања, сите терапевтски пристапи, а во исто време посветеноста на сопствените вредности, своето здравје, социјалната комуникација, емоционалната стабилност и репродуктивното здравје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author