15.01.2024 Скопје
Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос започнува денеска и ќе трае до 19 јануари, а ќе биде домаќин на повеќе од 100 претставници на држави.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе учествува на форумот под слоганот „Враќање на довербата“, а меѓу другите ќе учествуваат и кинескиот премиер Ли Џианг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и францускиот претседател Емануел Макрон.
Светскиот економски форум ќе се одржи во најкомплицираниот геополитички момент досега.
Подготвено од А.Ѓ.