18.01.2024 Скопје

На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.

Долгиот временски период, повеќе од две години, потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд, беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.

Осуммината судии заминуваат во Апелација откако Врховниот суд им ги отфрли жалбите на шестмина нивни колеги кои сметаат дека требало да бидат избрани поради подоброто бодување од дел од оние кои беа избрани.

Сега Судски е на потег откако кривичен најави дека ќе побара од Судски совет дел од новоизбраните судии за повисокиот суд да ги довршат предметите кои ги водат во Основниот кривичен суд, а кои поради нивното отсуство може да почнат одново или да застарат.

Новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје дадоа свечена изјава пред Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *