https://www.facebook.com/photo?fbid=10226004077193077&set=bc.AbrJCOsf6owyb0hyseS-F02vjgR7DqWAlOkLMDQMqHY6vKlYzXMpleK3gLn6bNaxfbbOwvfeOF7dgkive7KqL3bhofpDCHVnY6oJmB-GsY5CgqpTgFwkn8O0yZ3o0wFVrFCD_AlLAFBCZa9TGAy4RZr7kiMcvnEbd_IhexBdVN7ISh6qxzr-9p_vsgIwhQ-vvpjQWu49aNzNLtftjIT9_UJd&opaqueCursor=AbruIiS2cZg6T__-PPh0Ivi0R7yRdy7gmxV_zAmWWsAMqaQlfPJj8oPZDvu_uNwuNCiU8WNNCigedIRjtcvHJM5j-5EyLRYA_w15hGvZpmAVfWubwxU69YsRm46z43oqp9TA71eBecrBqAE7Jj9269F-Bei_4FrdmATF7GAcxecj6c-wTNCy554P1vjb4BieIsAiP34w4GPiHhleS2tHRbSISiTvOkJRt0E4-tgKkMZnR6gE33eAIvRgsQmXMa-4moAfVOq3AJkbAoQWJg_Kc_XoKoVKRxEuwBFemAOBFVVOKwOjXK8ZLK_zzCyUm76BrpmtTOv-hLm5XKaBWJ4kf8eNHaU7j539giwimoXyCnSyIcy8dYhjxZ0GSL5iR8q-jVxGkkaWdEeGOQE1BVYKuxco5aikPP-rsfBcz6n2wefTtlMEBtoU1Hh-BeXekfiQFBJ5U-mTfN69yQTEloQeUzsEIYKtUPJGXdiNMuP7MtEiUauX6-o29iHlEqJwxzr6eGHopeaLwrOw1uu-9njdggonVFGdp1nkByxlv2XOB70vRb_7gAH1-0VBZSK6kk8V8Cj0PKinODC_m9307YAqM0NyexrCX_596o1y32ihTDi4naYWe1zeeph1e8VYAvhYMHxrfZdUANDlNOIpJnRiXvt0NI9oPXTCgl94nkjPtJP77n1eLsdGDQDjkRghcRcaXgE

03.01.2024 Скопје

Судскиот совет без право на жалба, во рок од 30 дена треба да постапи по одлуката на Управен суд,  кој го поништи контраверзното разршеување на екс претседателката Весна Дамева. Ја примиле пресудата денеска, а утре ќе ја разгледуваат на работен состанок по што ќе се произнесат, информираа од Судскиот совет. И Дамева ја примила пресудата. Ставот ќе го соопшти утре, откако советот официјално ќе се произнесе по состанокот.

Правните експерти сметаат дека понишувачката одлука значи дека Весна Дамева повторно треба да седне на челната позиција во Судски откако пред 7 месеци беше два пати разрешена еднаш јавно и скандалозно, а потоа и тајно зад затворени врати.  Нејасна и необазложена – ова се главните причини поради кои падна на Управен разразршеувањето на Дамева. Се оспорува надлежноста на Судскиот совет да одлучува за изгласување недоверба на претседател или утврдување негова одговорност во ситуација кога тоа не е пропишано со закон.

Во 2024 година се најавуваат промени и реформи во Судскиот совет. Се подготвуваат законски измени, а треба да се спроведат и 40-те препораки на Оценската мисија чие спроведување ЕУ најави дека ќе го мониторира.

Подготвено од М.Д.

 

 

About Author