17.01.2024 Скопје
Денеска ќе се знае дало претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, ќе си ја зарржи претседателската фотеља.
Извештајот на Комисијата кој го подготвија Мирсад Суроји, Селим Адеми и Мери Радевска не содржи конкретен предлог туку што е констатирано во постапката и ставот на Беса Адеми.
Иницијативата за нејзина одговорност ја покрена членот на Судски совет, Миљазим Мустафа, откако таа изјави дека судот е под политички притисок да ја прифати амнестијата на поранешниот претседател Иванов.
Судскиот совет по расправата може да донесе одлука за разрешување, намалување на плата, запирање на постапката или привремено одземање на функцијата.
Подготвено од М.Д.