23.01.2024 Скопје
НАТО не гледа никаква непосредна воена закана од Русија насочена кон која било членка на Алијансата, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Тој им рече на новинарите во Брисел дека НАТО ги задржува мерките за одвраќање со најголемите воени вежби во последните децении, почнувајќи од крајот на оваа недела.
„Сето ова го правиме за да обезбедиме распоредени сили за да нема простор за какви било погрешни пресметки или недоразбирања во Москва во врска со нашата подготвеност да ја заштитиме секоја педа од територијата на НАТО. Се додека го правиме ова, нема да има напади на територијата Алијанса“, рече Столтенберг.
Подготвено од А.Ѓ.