precistitelna-stanica-za-otpadni-vodi

10.01.2024 Скопје

Пречистителната станица во Скопје е еден од поголемите капитални проекти каде што е вклучена и државата, иако директната имплементација e обврска на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“. Министерката за животна средина Каја Шукова минатата недела рече дека е започнато со авансна исплата за да може изведувачот да започне со работа.

Овој проект му е итно потребен на главниот град, затоа што со зголемувањето на населението и со брзите урбанизација и индустријализација, континуирано се зголемува количеството отпадни води што домаќинствата и фирмите ги испуштаат во Вардар. Пречистителната станица ќе опслужува над 500.000 жители, а урбаните води ќе се филтрираат во согласност со стандардите на Европската Унија. Ова е уште еден чекор кон подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, а придобивки ќе имаат и сите оние што живеат по текот на Вардар.

Се работи за капитален проект вреден 200 милиони евра, од кои 70 милиони се грант. Над 130 милиони евра се пари обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој и со него треба трајно да се реши проблемот на отпадните води во Скопје, од кои најмногу страда Вардар.

Сега за сега додека се изгради пречистителната станица, фекалиите се испуштаат директно во водите на реката Вардар како непречистени, но има и реки по горното течение кои се вливаат во реката Вардар кои имаат помали прочестителни станици кои придонесуваат за делумно почисти води да се вливаат во реката Вардар.

Подготвено од М.Д.

 

About Author