26.01.2024 Скопје
Србите во Лепосавиќ добија нов рок до денес да го тргнат шаторот што го поставија во знак на протест пред општинската зграда на ова место.
Во писмото, потпишано од градоначалникот на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми, се наведува дека таканаречената косовска полиција ќе го отстрани шаторот доколку Србите не го сторат тоа до 15 часот.
Првичниот рок за отстранување на шаторите беше вчера до 15:00 часот. Србите во средата поставија шатор во знак на протест бидејќи на зградата на Центарот за социјална работа и на влезот во општинската зграда беа поставени табли со натпис „Република Косово“, а знамињата на Србија, ОН и општина Лепосавиќ беа отстранети од јарболот пред општинската зграда.
Подготвено од А.Ѓ.