https://www.flickr.com/photos/andjelic/34093878272/in/photolist-TWL3cs-97G8rN-qNP18x-h1LQK5-2iNiYg-h1LDx3-g6KTqx-9rMC4K-c5LHYj-8gF3ci-ZaNwCs-GDPtCe-RdJv1K-dVcGKH-4vviEM-9MbBio-nzg7Fv-9rS6Nn-b4vrp2-KyhQy2-a4fek2-Ufc6i7-h1JPfp-eBkrkt-h1JKDB-pf2dmr-48jXwA-h1LHcs-h1LVar-c5LJaE-2dGykWy-h1LJui-ba6Qqk-4vvimV-HE7izr-4u92F9-4DebcU-scBfHu-4w8wig-d3UMZw-a4i5gA-6iDgPY-6HTskV-5nEjWh-5eNjZT-5eNkWX-eBkiYk-h1JKHJ-g6KbnT-h1K2y1

23.01.2024 Скопје

На пејачката Селма Бајрама и е забранет влез во Србија, но таа не е единствената личност од јавната сцена која не може да влезе во земјата.

На листата на забранети се раперите Јала Брат и Буба Корели, пејачката Јадранка Барјакатаровиќ, старлетата Сораја Вучелиќ, ѕвездата на Гранд, Садик Хасановиќ, а последна во низата е Селма Бајрами.

Селма вчера била приведена на аеродром кога се обидела да влезе во Србија. Според информациите, таа била задржана на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и веднаш се качила во авионот што ја вратил во Сараево.

Инаку, на 25 ноември 2023 година во јавноста беше објавено видео во кое Селма покажува двоглав орел, пеејќи ја албанската песна „Вале Косоваре“. Потценување е да се каже дека нејзината постапка предизвика многу негативни коментари, а се шпекулираше и дека ќе добие забрана за влез во Србија.

На забраната за влез во Србија на Буба и Јала му претходеше инцидент на нивниот настап во Ниш, кога припадник на обезбедувањето кој е нормално близок со раперите го фрли момчето од бината во публиката, а потоа физички го нападна. Овој настан предизвика лавина реакции, а беше покрената и петиција за забрана за влез во Србија, што на крајот и се случи.

Забранет влез во Србија доби и црногорската пејачка Јадранка Барјактаровиќ откако на политичка прослава во Црна Гора јасно го сменила текстот на песната, а наместо „Никој ништо не ни може, ние сме посилни од судбината“ ја испеа „Никој ништо не ни може, посилни сме од Србија“. Јадранка беше вратена од српската граница малку подоцна, кога од Црна Гора замина за Белград, а одлуката за забрана за влез во Србија стапи во сила веднаш.

Старлетата Сораја Вучелиќ има забрана за влез на територијата на Република Србија од 2018 година, бидејќи нејзиното име се наоѓало на списокот на лица „безрезервно опасни за државата“.

Нејзе и е забранет влез во државата согласно законот за странци, врз основа на кој на странски државјани може да им се забрани влез во земјата без посебно образложение заради заштита на јавниот ред или безбедноста на Србија и нејзините граѓани.

Пејачот Садик Хасановиќ од Сребреник се натпреваруваше во Белград на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“. Садик во 14-та сезона од натпреварувањето стигна до финалето, а по натпреварот беше откриено дека тој и неговиот татко го имаат бендот „Сателити“ и дека се симпатизери и големи пријатели со Насер Ориќ, со кого тие често пееле песни кои разгоруваат омраза кон Србите.

Доживотно му беше забранет влез во Србија, веста го обиколи Балканот, а тој се повлече од јавноста и сега настапува во Босна и Херцеговина.

Пејачот Ален Муковиќ доби три месеци забрана за влез во Србија во април 2022 година, поради тоа што, како што изјави, нерегистриран престојувал во земјата.

Неодамнешниот директор на БИА, Александар Вулин, изјави дека на пејачката Селма Бајрами по негова наредба и е забранет влез во Србија, бидејќи Бајрами „гордо ги покажувал симболите на „Голема Албанија“ пред камерите.

Подготвено од А.Ѓ.

 

About Author