porfirije

09.01.2024 Скопје

„Односите со Македонската православна црква не се добри, туку се братски. Автокефалноста на Македонската православна црква, барана и добиена на канонски и традиционален начин, во дијалог на братска љубов лишен од политички притисоци и скриени утилитарни цели од која било страна, никогаш не треба да плаши, туку напротив да нè радува секој од нас“, кажа српскиот патријарх Порфориј.

Според патријархот, најважното е дека по воспоставувањето на евхаристиското и канонското единство, на кое му претходело доделувањето на автокефалноста, а потоа и со самиот чин на доделување таков статус, како што вели, двете цркви не се дистанцирале и разделиле, туку на подлабок суштински и егзистенцијален начин, станале поблиски и обединети.

Српскиот патријарх меѓу другото посочи и дека не смееме да го занемариме фактот дека на многумина би им одговарало било какво недоразбирање меѓу Србите и Македонците, и дека не треба да дозволиме тоа да се случи.

Подготвено од М.Д.

 

About Author