https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t31.18172-8/26114748_1430347563757754_503538357555470801_o.jpg?_nc_cat=105&ccb=1-7&_nc_sid=e3f864&_nc_ohc=HHWIzww8RE8AX9gJ-1O&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_L1JrfDX-EUKy7ulOWZhNivVgTzzoaXy0Dca7Qa0l6FQ&oe=62FE06FD

11.01.2024 Скопје

Од Министерството за правда велат дека со новиот Закон за помилување кој е предложен од нив, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.

При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи. Причините за донесување на Законот за помилување, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со Предлогот. Она што е важно е што во него има прецизни рокови и докрај се прецизаат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот.

„Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето“, велат од Министерството за правда.

Подготвено од М.Д.

About Author