18.01.2024 Скопје

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покрија автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и линии возила кои се протегаа со километри.

Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата.

Во сојузната држава Тирингија, покрај снегот, на патот имаше и мраз, поради што голем број камионџии ги одложија патувањата, а се известува дека состојбата може да се подобри во утринските часови.

Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн преку планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“.

Во соседна Франција, особено во северните области, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *