15.01.2024 Скопје
Најмалку четири лица загинаа во снежната бура и рекордно студениот бран на Арктикот кој погоди делови од САД.
Студениот бран се прогнозира да трае најмалку до средината на неделата.
Температурата во американските сојузни држави Монтана и Јужна и Северна Дакота ќе се спушти до 50 степени под нулата.
Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекува температурите да се спуштат до 30 степени под нулата во областа од северните карпести планини до северниот дел на Канзас и Ајова.
Десетици илјади луѓе во северозападниот дел на САД останаа без струја, а снежна бура ги погоди југот и североистокот на земјата.
Во американската сојузна држава Орегон повеќе од 120.000 домови и деловни објекти останаа без струја поради снежната бура.
Во американската држава Тексас, државниот оператор на електричната мрежа утрово апелираше до жителите да штедат струја, бидејќи студеното време резултираше со рекордна потрошувачка.
Многу летови низ САД беа откажани поради невремето.
Во американската сојузна држава Флорида за денеска и утре се предвидуваат врнежи од дожд и грмотевици.
Подготвено од А.Ѓ.