17.01.2024 Скопје
Германската метеоролошка служба (ДВД) денеска издаде предупредување за тешко време поради снежното невреме „Гертруд“ и замрзнатиот дожд што зафати повеќе региони во земјата.
Метеоролошката служба предупредува на делумно екстремен црн мраз за Баварија, Баден-Виртемберг, Рајнска област-Пфалц, Хесен, Тирингија и Саксонија.
Обилните снежни врнежи особено ќе ја погодат централна Германија, а за делови од Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд-Пфалц и Хесен, ДВД предупреди на опасноста дрвјата да се урнат под тежината на снегот.
Се очекуваат значителни ограничувања на аеродромите во Минхен и Франкфурт.
Наставата денеска е откажана во неколку училишта во регионот на Нирнберг, Долна Франконија и Горен Пфалц.
Подготвено од А.Ѓ.