17.01.2024 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја опиша ситуацијата на бојното поле во Украина како „исклучително тешка“ за Киев, бидејќи долго најавуваната контраофанзива не ги даде очекуваните резултати, а руските војници продолжуваат да напредуваат на многу фронтови.
„Ситуацијата на бојното поле е исклучително тешка, Русите сега напредуваат на многу линии на фронтот и секако големата офанзива што ја започнаа Украинците минатото лето не ги даде резултатите на кои сите се надевавме“, рече Столтенберг за време на „Обезбедување на несигурниот свет“ во рамки на сесијата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Шефот на НАТО додаде дека Русија жестоко се бори и напредува во Украина и дека таа „никогаш“ не треба да се потценува.
Украинската контраофанзива започна на 4 јуни 2023 година. Киев фрли во борбата бригади обучени од инструктори на НАТО и вооружени со западна опрема, вклучително и тенкови Леопард и Челинџер.
Подготвено од А.Ѓ.