poplavi

03.01.2024 Скопје

Југот на Велика Британија го зафати силното невреме „Хенк“, поради што беа блокирани патишта, мостови и пруги.

Во некои области се забележани најсилните ветрови во последните три децении, а илјадници луѓе останаа без струја.

Најголемата брзина на ветерот од 151 километар на час е забележана во Игли на островот Вајт.

Повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани од забавен парк во Нортхемптон.

Во Ворвикшир, пожарникарите спасувале луѓе од автомобил заглавен во Кенилворт, додека во Лестершир полицијата добила голем број извештаи за судири и оштетени автомобили поради поплави.

Локалните власти издадоа стотици предупредувања за поплави, а на јавноста и беше наредено да се држи подалеку од крајбрежните области погодени од невремето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author